АктуелноОстанатоПеливанско борење
Дејан Митров прв на Балканското првенство во пеливанско борење

Дејан Митров го освои првото место на Балканското првенство во пеливанско борење кое се одржа во Призрен, Косово.
Митров настапи во 2-ра категорија и имаше 4 борби. До титулата стигна со победите надпротивници од Албанија, Турција, Македонија и во финалето со друг претставник од Турција.

Во текот на овие две недели даејан имаше три настапи во Чегране и Патишка Река – 1.место.
Митров за привлечноста во пеливанското борење вели:
„Ме привлекува тоа што е многу стар и специфичен спорт, не е многу популарен, а е интересен“.
Инаку, Митров се подготвува и за Светското првенство во борење од 16 до 24 септември во Белград, Србија.



