Александар Ракиќ сака да се врати на борбите до крајот на годината

Српскиот борец со австриски пасош, Александар Ракиќ, последниот меч го имаше во мај минатата година, кога се повреди во борбата против Полјакот Јан Блахович на настан на УФЦ.

Ракиќ поради повреда на коленото го предаде мечот во третата рунда, па мораше да оди на операција и го чекаше долго закрепнување.

Неодамна во разговор со своите фанови на Инстаграм откри дека сака да се врати на борбите до крајот на годината.

„Ракетата ќе се врати до крајот на годината“, напиша Александар Ракиќ во една од пораките.

А на прашањето кого би сакал за противник во камбек мечот, Ракиќ одговори:

„Бидејќи сите се зафатени освен Јан Блачович и Никита Крилов, ако можам да бирам, тогаш го избирам Јан. Сакам да ја завршам оваа приказна меѓу мене и него.

Александар Ракиќ не ја криеше желбата еден ден да се пресели во тешка категорија.

Секако, штом ќе ја завршам работата во полутешка категорија!“, изјави борецот на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО