Дејан Митров го освои бронзениот медал на Медитеранските игри

 

Дејан Митров (-74 кг) го освои бронзениот медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Митров славеше со 3-1 против Будра Мохамед од Алжир.

Нашиот борач постепено го зголемуваше водството по 1-1, поведе 2-1 и 3-1.

Ова е втор бронзен медал за Митров на МИ, откако пред пет години во Мерсин, Турција, го освои првиот медал.

Дејан Митров го освои бронзениот медал на МИ Тарагона 2018 после извонредно тешката и нечесна борба водена од неговиот противник од Алжир.

Дејан Митров со надчовечки напори и поставувајќи се над сите нечесни судиски одлуки и над својот противник го победи со резултат 3:1“, напиша генералниот секретар на МОК на ФБ профилот, Сашо Поповски!

Бесмир Веселовски го забележа уште два порази против Канева Арон од Италија со 9-12 и со Таимураз Наскидаева Фриев (Шпанија) 0-10 (ТТ).

Могамедгаџи Нуров вечерва се бори за златниот медал со Симоне Јанатони од Италија. Во категоријата до 97 килограми.

На МИ од Македонија учествувале 51 борач, кои донеле 3о медали. Најмногу медали се освоени на МИ во Сплит 1979 година- 6. Златни медали освоија Киро Ристов, Ристо Дарлев, Шабан Сејдију и Коце Ефремов; бронзи – Мирко Димчевски, Шаип Бајрами, Димитар Дрангов; Сократ Ефтимов -4, Злате Пецаковски-6-ти.
Од сите борачи, најмногу златни медали освоил Шабан Трстена -3, Шабан Сејдију учествувал на 4 МИ, Зоран Шоров освоил најмногу сребрени медали 2,а два медала, бронзени, освоил и Ацо Јорданов.

Резултати

-65 кг
Раиф Камбери – Илман Мухтаров (Франција) 0-10 (ТТ)

-74 кг
Дејан Митров – Сами Мустафа (Египет) 6-9

За бронза

Дејан Митров – Будра Мохамед (Алжир) 3-1

-86 кг
Бесмир Веселовски – Ахмет Белиџи (Турција) 0-10 (ТТ)
Бесмир Веселовски – Ахмед Аибуев (Франција) 0-11 (ТТ)

Бесмир Веселовски – Канева Арон (Италија) 9-12

Бесмир Веселовски – Таимураз Наскидаева Фриев (Шпанија) 0-10 (ТТ)

-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Антонио Руиз Родригез (Шпанија) 9-0
Могамедгаџи Нуров – Јунус Деде (Турција) 8-5

Финале

Могамедгаџи Нуров – Симоне Јанатони (Италија)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО