Дејан Георгиевски во недела за нова европска круна

Дејан Георгиевски замина на Европското таеквондо превнство во Казан, Русија, како европски и балкански шампион од 2017 година.

Георгиевски ќе има жестоката конкуренција, бидејќи на европскиот самит е собран кремот на овој олимписки спорт, како актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азарјбејџан, третиот на последното светско првенство од Русија, Роман Зенцов, актуелната бронза од Олимписките игри и сребро од последното светско првенство Чо Махама од Велика Британија итн..

Дејан ќе се бори во недела, а со него патува селекторот Борче Костовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО