„Добар дел од македонскиот национален тим во олимписко теквондо присуствуваше на седумдневен летен теквондо трениг камп во Ниш, Србија“, информираат од Македонската таеквондо федерација (МТФ).
Кампот беше организиран од страна на Теквондо клубот Астерикс од Ниш, при што овој летен камп учествуваа над 200 спортисти од 10 европски држави.
„Посебен гостин на овој летен камп беше нашиот сребрен олимпиец Дејан Георгиевски кој беше дочекан со овации од присутните.
Одлично искуство и добар почеток на теквондо сезоната“, велат од МТФ.