Дејан Георгиевски освои бронза на Европското првенство за млади сениори во Полска

 

Дејан Георгиевски го освои бронзениот медал на Европското првенство за млади сениори (У-21) во Полска.

Нашиот најдобар таеквондист Дејан Георгиевски (+87 кг) ги оправда очекувањата и освои медал на ова ЕП. Тој во првото коло го совлада Русинот Вадим Мелников, потоа Ник Аугустин (Словенија) и Иван Радош (Хрватска) и во одлучувачката борба за влез во финалето е поразен од Русинот Георги Танделов.

Првото место во неговата категорија го освои Турчинот Емре Ателси, втор е Русинот Георги Танделов, а Дејан Георгиевск и Микита Турган од Украина се трети.

Христијан Спасовски загуби од Сејди Дагделан од Турција.

Резултати
+87 кг
Дејан Георгиевски – Вадим Мелников (Русија) 16-13
Дејан Георгиевски – Ник Аугустин (Словенија) 17-4
Дејан Георгиевски – Иван Радош (Хрватска) 26 -6
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Георги Танделов (Русија) 4-24  

-68 кг
Христијан Спасовски – Сејди Дагделен (Турција) 20-12

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON