Дејан Георгиевски од плоштадот во Скопје: Ќе ја израдуваме Македонија пак! (ФОТО)

Илјадници луѓе со овации го дочекаа освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри, Дејан Георгиевски на плоштадот Македонија во Скопје.

На присутните прво им се обрати пртеседателот на Македонската таеквондо федерација и селектор Борче Костовски.

„Немам зборови како да го опишам овој момент. Долго го сонуваме овој сон. Дејан го оживеа. Срцето ми биеше во ритамот на борбата. Во макеоднски ритам.

Ова е само почеток. Во Париз одиме по злато и уште А-норми“, рече Костовски со пораки:

„Првата е: Чувајте го Дејан како капка вода на дланка. А втората- Македонија вечна“!

Како беше да се биде во Токио?

Тренерот Дарко Костовски на ова прашње рече:

„Ветивме златен медал, но ете, дојдовме до сребро. Еве, ветувам златен медал на следните игри. Верувајте во тоа“, рече Костовски и додае:

„Целиот македонски народ е со него. Ветуваме дека од Париз ќе донесеме најмлаку еден златен медал. Дејан го крши мразот.

Покрај Дејан тука се Анамарија Георгиевска, Коки Георгиевски, Марко Стевиќ, сите освојуваче на медали.

И еден од најзаслужните за успехот на Дејан, спаринг партнерот Филип Додевски, кој имаше повреда на раката во завршната борба од квалификациите, ако одеше во Токио и тој ќе донесеше медал.

Веруваме и го остваривме сонот“.

Костовски го најави Дејан со зборовите: „Карши мене е Александар Македoнски, Гоце Делчев! Да живее Македонија!

Во најава беше пуштена песната Македонски соколе!

„Поздрав до сите Македонци и моите тренери. Немам зборови да го опишам тоа. Блaгодарaм на сите што дојдовте. Благодарам на Господ што ми овозможи да го освојам медалот.

Дарко Косотовски ме бодреше и ми давеше енергија во секоја борба. Тој со мене почна да работи уште од тренер и некои работи прифатив од него.

Доктор Борче Костовски е и доктор за таеквондо. Некој пат многу бараше, ама беше прецизен во поставувањето на стратегијата. На крајот тоа се исплатеше.

„Поздрав до сите Македонци и моите тренери кои се најголемите виновници за овој медал. Понекогаш се строги, но тоа се исплатеше, благодарам и на моето семејство. Ветивме медал и тоа го исполнивме. Жал ни е што не е златен. Немам зборови да го опишам тоа. Благодарм на сите што дојдовте. Благодарам на Господ што ми овозможи да го освојам медалот.

Дарко Косотовски ме бодреше и ми давеше енергија во секоја борба. Тој со мене почна да работи уште од тренер и некои работи прифатив од него.

Доктор Борче Костовски е и доктор за таеквондо.Некој пат многу бараше, ама беше прецизен во поставувањето на стратегијата. На крајот тоа се исплатеше.

Ветивме златен, но за жал донесовме сребрен. Но, деносовме медал. Сигурен сум дека наредните ОИ ќе имаме повеќе учесници и ќе се бориме за медал.

И посакувам среќа на преостанатите олимпијци. Да се надеваме на нов медал, па вака и нив да ги пречекаме. Им благодарам на клупските другари. Ова сигурно немаше да биде возможно без моите клупски колеги кои многу ми помогнаа. Ќе ја израдуваме Македонија пак! Да живее Македонија!“, порача Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО