Дејан Георгиевски обезбеди норма за Олимписките игри во Токио (ВИДЕО)

Голема победа на Дејан Георгиевски (+80 кг) над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан 13-6 и обезбедена олимписка нормана квалификациите во Софија за Олимписките игри во Токио ова лето.

Ова е најголемиот подарок за неговиот роденден што можеше да си го посака. На ред е финалето.

Георгивески претходно го совлада Динко Шегедин од Босна и Херцеговина со 17-9.

Дејан е втор спортист од Македонија кој обезбеди норма, тоа му тргна само на Могамедгаџи Нуров во борење. Сепак, по многу децении Георгиевски е првиот спортист роден во Македонија што обезбедил норма за ОИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО