Дејан Георгиевски испиша историја – ќе се бори за златен олимписки медал

Дејан Георгиевски е во големото финале на Олимписките игри во Токио. Дејан Георгиевски во полуфиналето го совлада Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12-6.

Во првата рунда поведе Кореецот 0-1 со удар со рака. Така и заврши првата рунда. Со казнен поен Дејан изедначи 1-1 во втората рунда, а потоа со добар удар поведе со 3-1 и уште еден ножен удар за 5-1. Ин намали на 5-2 и 5-3.

Интересна втора рунда со многу поени.

Во третата поведе 7-3, Кореецот намали на 7-4, 9-4 за Дејан, па 10-4. 12-4 во финишот, со два казннеи поени 12-6.

Финалето е во 14 и 45 часот, каде што ќе се сретне со Русинот Владислав Ларин кој во полуфиналето славеше над Кинезот Хонгки Сун 30-3.

По децении македонски спортист родум од Македонија освојува медал на Олимписките игри. Георгиевски се смести во великаните на македонските спортисти како Шабан Трстена, Шабан Сеиди, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Стојна Вангеловска, Благоја Георгиевски.

Претходно Георгиевски го згази светскиот првак Рафаел Алба од Куба на Олмписките игри во Токио со 11-8 во категоријата над 87 килограми.

Нашиот таеквондист се бореше одлично. Во првата рунда поведе 5-1, втората заврши 5-2 и во третата светскиот првак се обиде да направи пресврт и ја доби со 1-5. Сепак Дејан тактицки добро се избори и не дозволи изненадување.

Потоа во четвртфиналето Георгиевски го совлада Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со 9-4 и се пласира во полуфиналето.

Првата рунда заврши 0-0. Во втората рунда Дејан поведе 1-0, потоа противникот изедначи 1-1. Со удар во телото Георгиевски поведе 3-1. Во третата рунда Гбане намали 3-2, но веднаш Дејан зголеми на 4-2. Па Габане изедначи 4-4. 6-4 за Дејан и со казнен 7-4, па со хај кик 9-4.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО