Дејан Георгиевски и со една нога го освои бронзениот медал на Европското првенство во Софија

Дејан Георгиевски го освои историскиот бронзен медал во таеквонодо за Македонија на Европското првенство за јуниори до 21 година (или помлади сениори) во Софија, Бугарија.

Георгиевски во категоријата над 87 килограми во првото коло го совлада Емре Атлеси од Турција со 14-6, во вториот настап го совлада Гркот Панагиотис Тапеинос со 10-6. Во борбата за влез во финалето нашиот репрезентативец беше тесно поразен од Русинот Вадим Мелников 10-9.

„Дејан во првата борба со Турчинот Емре Атлеси се здоби со сериозна повреда на левата нога и буквално се бореше со една нога во наредните две борби“, велат од нашата репрезентација и нагласуваат дека ова е еден од најголемите историски успеси на македонското олимписко таеквондо.

Другите наши репрезентативци нема многу среќа и испаднаа во првото коло, но навистина имаа тешки противници.

-58 кг Ненад Мрчковски – Влаериј Шиманов (Русија) 2-26

-63 кг Иван Крстевски – Мустафа Мухамет Баглар (Турција) 2-16

-74 кг Костадин Георгиевски – Микалај Јанукович (Белорусија) 4-8

-74 кг Филип Додевски – Дали Ишбердин (Русија) 11-18

 -53 кг Мери Ацевска – Паула Роухи (Шведска) 2-17

-57 кг Анамарија Георгиевска – Анисија Челохсаева (Русија) 1-9

-57 кг Ања Русковска – Јилмаз Тугба (Турција) 1-13

Ipon.mk/В.Д

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО