Македонските таеквондисти викендов заминуваат на Г-1 турнирoт „Софија опен“ во Бугарија. Овој турнир носи бодови за Олимписките игри во Токио 2020 и е еден од најсилните турнири во регионот, а годинава ќе учествуваат 1200 натпреварувачи од целиот свет.
Македонскиот национален тим заминува со 11 натпреварувачи, а ќе учествуваат уште неколку македонски таеквондисти кои ќе настапат под името на својот клуб.
Под националното знаме ќе се борат следниве борци:
Сениорите Дејан Георгиевски +87 кг, Костадин Георгиевски -80 кг, Марко Стевиќ -87 кг
Иван Крстевски -63 кг и Сара Раевска -57кг; јуниорите Марко Аврамовски -55 кг, Филип Стаменов -59 кг, Ана Марија Георгиевска -55 кг, Викторија Радомировска -52 кг и Мери Ацеска -52 кг.
Европскиот шампион во олимписки категории Дејан Геогриевски пред две недели на „Турција опен 2018“ од Г-1 серијата го освои го бронзениот медал, иако беше многу близу до борбата за златото, а неговата сестра Анамарија Георгиевска (-59 кг) во јуиорска конкуренција, исто така, го освои борнзениот медал.
Ipon.mk/В.Д.