Дејан Георгиевски го згази светскиот првак Рафаел Алба од Куба на Олмписките игри во Токио со 11-8 во категоријата над 87 килограми.
Нашиот таеквондист се бореше одлично. Во првата рунда поведе 5-1, втората заврши 5-2 и во третата светскиот првак се обиде да направи пресврт и ја доби со 1-5. Сепак Дејан тактицки добро се избори и не дозволи изненадување.
Во четвртфиналето ќе се сретне со Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска во 8:45.