Стипе Миочиќ покажа желба да помине во ОНЕ

Се чини дека УФЦ може да остане без американско-хрватскиот борец и најуспешниот тешкаш во најсилната ММА организација во светот – Стипе Миочиќ.

Имено, ова може да се заклучи од пораките на Миочиќ во кои тој го изрази своето незадоволство од УФЦ и одговори на конкурентската промоција на ОНЕ Чемпиошип.

Азиската ММА организација донесе неколку одлични борци од УФЦ во последните сезони. Сопственикот на ОНЕ, Чатри Ситиодтонг, на својата објава на Инстаграм со фотографијата напиша: „Кого да донесам?“.

Во коментарите се појави и Стипе Миочиќ, кој стави четири замислени смешковци и покажа дека постои интерес. Под тој пост напиша дека УФЦ не се однесува добро со него.

„Не треба да го чекам победникот од следниот меч за титулата. Имам најмногу одбрани на титулата во историјата на тешка категорија на УФЦ. Ние (и Нагану и јас) сме 1-1, но ДК доби инстант реванш и трилогија против мене, нели?“, напиша Стипе Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО