Дејан Георгиевски го освои петото место во апсолутна категорија (+87 кг) на таеквондо Президент купот во Анталија, Турција, од Г-2 серијата.
Георгиевски извојува две убедливи победи, над Кочбар Нурмагомедов од Русија со 30-6 и против Стефен Ламбдин од САД со 16-2, и како што се предвидуваше дека со носителот на бронзнеиот медал од Олимписките игри во Рио 2016 година, Чо Махама од Британија, битката ќе биде тешка и неизвесна, така и се случи, Дејан загуби тесно со 2-1. Во досегашниот дел на турнирот можеби ова беше најубавата борба на турнирот со 2500 натпреварувачи.
Од пресудно значење било искуството на Чо кој го освои златниот медал, победувајќи го финалето Хрватот Ведран Голец.
Филип Додевски (-80 кг) загуби во првото коло со 21-20 од Давид Симек од Чешка.
За неколку дена нашите репрезентативци имаат шанса за поправен и за медали на Г-1 турнирот „Турција опен 2019“, каде што исто така конкуренцијата е голема.
Ipon.mk