Дејан Богданов, потпретседателот на ФБСМ, најави дека на 18 февруари ќе се одржи првиот Изборен турнир во борење. Досега не се пријавил ниту еден боречки клуб за изборниот турнир.
„Првиот турнир ќе ги даде и репрезентативците за нашите селекции. Затоа, овој турнир е интересен. Ако не се пријави ниту еден клуб да биде организатор, тогаш очекувам Балканец да се пријави како домаќин“, вели Дејан Богданов.