Ќе стават слика на Флојд Мејведер на шампионската титула

Сликата на Флојд Мејведер најверојатно ќе биде ставена на светските титули (појасите) на Светскиот боксерски совет (ВБЦ). Ова го изјави претседателот на организацијата, Маурицио Сулејман. Американската легенда се согласила на ова.

Флојд се повлече минатата година откако ја забележа 50-тата победа на 50 средби во професионалната кариера. Тој ги освои титулите во пет различни категории.

„Флојд е боксер кој е дел од приказната. Значајна личност, исто како Мухамед Али, чија слика е исто така на појасот на Светскиот боксерски совет“, рече Сулејман.

„Сега кога Флојд објави дека се повлекува, ние ќе ја испитаме оваа можност. Тој има многу заслуги“, додаде тој.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО