Головкин е најдобар боксер за 2017 година

Генади Головкин е прогласен за најдобар боксер од Светскиот боксерски совет (ВБЦ) за 2017 година.

Казахстанецот е носител на четири од титулите во средна категорија. Тој учествуваше и во друга номинација за меч на годината. Головкин победи и во оваа номинација и мечот против Сол Алварез, кој заврши нерешено.

Светскиот боксерски совет мечот меѓу Флојд Мејведер и ММА ѕвездата Конор Мак Грегор го  прогласи за настан на годината.

За најдобро претставување во текот на годината е награден Дионтеј Вајлдер. Шампионот на Светскиот боксерски совет го доби признанието за разматвтувањето на Бирмејн Стиворн во првата рунда во реваншот.

https://youtu.be/rkgXj-_SFOc

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО