Дебора Брњарчевиќ од Таеквондо клубот Борец е сензација на Меѓународниот турнир „Софија куп“ во Софија-Бугарија. По техничка грешка е пријавена како машко, а ако ја откажале тренерите ќе била дискфалификувана од турнирот.
„Го прифативме ризикот и отидовме да се бориме. Првата борба поминуваше, никој не ја примети Дебора дека е девојче. Не примети никој поради тоа што цело време покажуваше силна доминација над противниците. Ги водеше во секој момент од борбата. И добивме, Дебора победи машко, кое беше цела една категорија потешко! И продолживме во наредните кола. И, Дебора го привлече вниманието, па не фатија дека е девојка, но не можеа да не исфрлат поради тоа што добивавме., По силен притисок не префрлија во нашата категорија. Стигнавме до финале. Ни остана само уште борбата за златниот медал, а Дебора ја крена температурата. Не можеше да стои. На само половина час пред борбата почна и да повраќа. По никоја цена не сакаше да се откаже од финалето. И, влеговме да се бориме…ја поминавме првата рунда со водство од 2 поена. Се бореше со девојка од еден од најсилните бугарски клубови. Почнува и втората рунда, некаде на средината Дебора се врти и вика:„Тренеру мене ми е лошо, многу ми се повраќа“! Се доближи до секундантското столче, поврати во кантата, се врти и вика: „Е сега може да се бориме“! Продолжува и ја добива борбата со драстична разлика во резултатот. Освои злато. Да, се бореше во две категории. И со машки и со женски, Нема пораз, нема потклекнување на никаква препрека, освои ЗЛАТО. Не пропушти ниеден тренинг, живее за таеквондо и освои злато. Дебора е БОРЕЦ! Секоја чест!
Напоменувам, таа е само девојче од 10 години, ама е голем ЈУНАК“-ја раскажаува драматичната филмска приказна на Дебора тренерот на Борец.
На турнирот учествуваа над 500 натпреварувачи од повеќе држави, а Борец настапи со пет натпреварувачи во А класа- борби со фул контакт. Радевска загубила во полуфиле од преставничка на Грција, далеку поискусна од нејзе. Но се изборила за бронзениот медал.
ipon.mk/В.Д.