50 медали за Рутс БЏЏ на „Македонија БЏЏ опен“!

Aleskanbadar Zatkoski na mkaeodnija open bjj

Шампионскиот тим на  „Рутс“ на „Македонија БЏЏ опен 2015” освои 50 медали, од кои: 12 златни, 18 сребрени и 20 бронзени.

Bjj makedonija open site 1.11. 2015

Тимски резултати: Рутс БЏЏ – 182 поени, Зенит – 51, Грејси Барра Србија – 45, Мирковиќ БЏЏ – 40, Тирана – 42, Мата Леао – 16, Будо Велес – 10, Карлос Маија – 8 и Вардар – 1 поен.

За најдобар натпреварувач со најмногу победи и наградата од 200 евра  ја доби Милош Благојевиќ  од Грејси Барра Белград.

Во најбројната категорија ( – 82.3 кг. ) наградата суплементи во вредност од 100 евра ја доби Сашко Мирчевски од Рутс БЏЏ.

Главните награди – кимона од светки  бренд  „Гејменес“ и суплементи ги добија следниве победници во апсолутните категории:

Жени: Мартина Петреска – Рутс БЏЏ;

 – 18 години: Клемент Бинај – Тирана ММА Центар;

Бели појаси: Милош Благојевиќ – Грејси Барра Белград;

Плави појаси: Стефан Пецевски – Рутс БЏЏ;

Виолетови појаси: Иван Крпелник – Мирковиќ БЏЏ;

Кафени /црни појаси: Марко Јокмановиќ – А-Форс БЏЏ МНЕ Мата Леао.

ruts piedestal n aturnirot

На  вториот Меѓународен турнир во бразилско џиу џицу „Гејменес Македонија БЏЏ опен 2015“ учествуваа над 25 тимови од повеќе од 10 земји.

Турнирот започна со ревијалните борби со најмалите БЏЏ идни шампиони каде што најмладите од македонскиот клуб „Рутс  БЏЏ“ се натпреваруваа против петставници од Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Alesksoska malata

Девојчиња Ива Калензис – Богдановска и Даниела Алексовска кои се бореа со момчиња достоинствено го претставија Рутс БЏЏ. Алексовска се бореше со момче кое беше скоро 10 кг потешко, но извојува победа со зафат (арм бар). Во својата прва борба 5-годишниот Марко Панчевски победи против противникот од Албанија. Леон Митков се бореше со потежок противник (повеќе од 10 кг) и оваа борба беше со голема динамика, иако Леон цело време напаѓаше и покажа квалитет, разликата во килограмите беше пресудна за победа на противникот од Струмица. Марко Ристовски победи по дисквалификација на неговиот противник поради недозволен зафат. Во борбата меѓу најмаладите членови на скопкскиот клуб,  Томи Блажевски и Никола Лазаровски, Томи победи на поени.

od kaj Coleski na bJJ

Потоа турнирот продолжи со супер борбите во кои настапија 3 кафеави појаси и еден црн појас во БЏЏ.

Во останатите борби во виолетови, плави, бели појаси, борби во женска категорија, борби за натпреварувачи под 18 години се видоа многу атрактивни техники, голема динамика во борбите и бевме сведоци дека бразилската џиу џица полека , но сигурно зема голем замав на Балканот. Се виде имаме голем потенција и идни шампиони.

Нашите македонски клубови од Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп и Битола кои се дел од “РООТС БЈЈ” покажаа квалитет на високо ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО