Федор Емилијаненко ќе се бори и во Русија

fedor so putin se rakuva

Легендарниот ММА борец, Федор Емилијаненко, вети дека ќе направи барем еден дуел во Русија, откако го најави враќање во овој спорт. „The Last Emperor“ сепак не може да каже ништо конкретно во моментов.

Пред неколку месеци, поранешниот шампион на Прајд ја продолжи својата кариера и сега се очекува да ја направи првата битка на 31 декември во Јапонија.

„Организаторите ќе го објават противникот некаде во средината на месец ноември“, рече Емилијаненко.

Се уште не се знае против кого ќе се бори Русинот, но веќе стана јасно дека на настанот ќе учествуваат и сонародниците Витали Минаков и Кирил Сиделников.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО