Де ла Хоја и Витор Белфорт се соочија пред борбата (ВИДЕО)

Оскар де ла Хоја не дозволи да зборува глупости за време на прес-конференцијата пред неговиот меч со Витор Белфорт, бидејќи знае дека на 11 септември го чека сериозен бокс меч.

Поранешниот боксерски шампион и оддаде почит на легендата на УФЦ.

„Видовме што може да направи Белфорт“, рече Де ла Хоја и додаде: „Можам да видам во неговите очи колку е горд на постигнатото и се чувствувам исто. Го почитувам тоа. Така што сигурен сум дека ќе имаме голема борба и ќе размениме многу удари. Да, ќе биде многу забавно. Но, тоа го сакаме. И тоа нè мотивира да одиме напред“.

Де ла Хоја се повлече од боксот откако загуби со нокаут од Мани Пакијао во декември 2008 година. „Златното момче“ веќе неколку пати спомена дека сака да се врати во рингот и конечно ова ќе се случи против 44-годишниот Белфорт.

Бразилецот се повлече од ММА по седмиот пораз со нокаут во 2018 година. Легендата го држи рекордот за најмногу нокаут победи во историјата на УФЦ и ќе има предност во растот пред Де ла Хоја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО