Давид Крстески и Филип Јосифовски на Европското таеквондо првенство на ИТФ во Римини

Давид Крстески и Флип Јосифоски ќе ги бранат боите на Македонија од 01 до 08 април на Европското таеквондо првенство на ИТФ во Римини, Италија.

Давид Крстески (црвен појас) ќе се натпревараува во две дисциплини – форми за црвен појас и борби -40 кг деца 11-14 год, а Филип Јосифоски (црн појас II дан) ќе настапи во три дисциплини – форми црн појас дан сениори, борби -64 кг сениори и специјални техники сениори.

Подготовките се одвиваа секојдневно во последните два месеца. Го дадовме целиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати. Иако Давид Крстески на две недели пред Европското имаше беше болен од грип, се надеваме дека ќе го даде максимумот и ќе не израдува со добар резултат. Ова е прв натпревар за него од ваков калибар и е најголемиот тренинг, бидејќи ја има таа привилегија на 11 години да почне на вакви престижни првенства. Знаеме дека кокуренцијата е огромна, едни од најјсилните репрезентации во светот, како што се Русија, Украина, Бугарија, се учесници, со освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најмногу се надеваме на Филип во борби и специјални техники, кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа во одлично издание. Се надеваме дека ќе го даде максимумот и ќе не израдува со добар пласман вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.

Лазаревски воедно информира дека на 7 април 2019 во Скопје помладите натпреварувачи ќе учествувааат на Меѓународниот ВТ турнир „Скопје опен 2019“.

„Ќе настапат неколку дебитанти , кои за првпат ќе го почувствуваат натпреварувачкиот дух. Се надеваме дека и некој од нив ќе не израдува со добар резултат“, нагласува Лазаревски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО