Дастин Пориер: Знаеш, ќе има трилогија

Дастин Пориер е подготвен да ја направи третата борба со Конор Мек Грегор. Пред неколку дена, „Озлогласениот“ ја анализираше неговата битка со Пориер и рече дека е возбуден од помислата за трилогија меѓу нив.

„Дијамантот“ нема интерес за титулата во лесна категорија и го повика УФЦ да ги вкртси Чандлер и Оливеира за појасот. Пориер знае дека парите се скриени во нова средба со Конор Мек Грегор и изрази подготвеност за тоа со следниот пост на социјалните мрежи:

„Конор, знаеш дека ќе го направиме тоа по трет пат“.

Дастин е во серија од две победи и само еден пораз од последните девет борби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО