Алистер Оверем: Верувам дека титулата во УФЦ ќе биде моја

Големата легенда на боречките вештини Алистер Оверем викендов влегува во кафезот. Тој ќе се бори со Александар Волков на УФЦ Фајт најт 184 во Лас Вегас. „Рем“ е во серија од две последователни победи со нокаут, а сега има 40 години. Сфаќа дека ќе мора да ја заврши кариерата по уште неколку борби и верува дека ќе се справи со Волков.

Алистер сонува за последна шанса за титулата во најголемата ММА организација. Тој беше шампион во Страјкфорс, Дрим и К-1, а сега сака да го додаде и УФЦ појасот во колекцијата. Битката против Волков ќе биде одлучувачка за Оверем и е сигурен во себе.

„Викендов ќе забележам нова победа. Сè уште го сакам спортот, тренинзи и сè околу него. Треба да бидам реален, времето ми истекува.

Последен обид за титула во УФЦ, затоа што верувам дека ќе биде моја. Сега е време“, напиша легендарниот спортист на социјалните мрежи.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО