Дарко Стошиќ потпиша за УФЦ

Дарко Стошиќ е нов член на најголемата светска ММА промоција – УФЦ.

25-годишната српска тешкашш има скор 12-1, а единствениот пораз во кариерата го доживеа од Чехот Јиржи Прохаска. Два пати го совлада Дион Старинг, а има победи и против Иван Витасовиќ и Емил Захариев.

Стошиќ објави на Фејсбук дека се спушта во полутешка категорија.

„Добив шанса да го остварам она на што го посветив секој дел од мојот живот, а тоа е да бидам најдобар во светот! Ова е одличен почеток за мене, ми требаа пет години напорна работа за да го добијам овој договор. Така што одам таму да бидам број 1! Исто така во договор со мојот тим одлучив во иднина да се борам во категоријата до 93 килограми! Се надевам дека ќе ја имам вашаата поддршка“!

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО