Дарко Најдов ја извојува првата победа за македонската кик бокс репрезентација на Светското првенство за кадети и јуниори на ВАКО во Лидо Диесело, Италија, од 15 до 23 септември. Најдов го совлада Димитар Стојанов од Бугарија со 3-0.
Во втората борба загуби 1-2 од Лиси Цивнтилијан од Молдавија.
На СП Македонија ја претставуваат четворица кик боксери: Викторија Варадинова (К-1, –65 кг), Леа Бошевска (кик лјат, -50 кг), Дарко Најдов (лајт кик, -63,5 кг) и Никола Нацев (кик лјат, -69 кг).
Другите репрезентативци настапуваат утре.
На Светското првенство настапуваат 2319 натпреварувачи од 65 држави.
Резултати
-63,5 кг – лајт кик, јуниори
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 3-0
Дарко Најдов – Лиси Цивнтилијан (Молдавија) 1-2
Ipon.mk