Данов и Авдиќ се мереа во луксузен трговски центар во Астана за СП во кураси (ФОТО)

Нашите репрезентативци Бобан Данов и Семир Авдиќ успешно го минаа мерењето пред 30 минути во Астана, Казахстан, за Светското првенство во Казак куреси, уште познато како Претседателски куп, бидејќи претседателот на дртжавата е покровител.

Утре Данов ќе настапи во категоријата над 100 килограми, а наредниот ден и Авдиќ во категоријата до 100 кг.

Мерењето е направено во трговскиот центар воо Астана.

За одбележување е дека има Кубанец кој е висок 2 метри и тежок 160 килограми.

Наградата за првото место е 100.000 евра, второто 20.000 и третото 5.000.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON