Машкиот ката тим против Шпанија за бронзениот медал на Светското првенство

Машкиот кадетско-јуниорски ката тим денеска против Шпанија ќе се бори за бронзениот медал на Светското првенство за кадедти, јуниори и У-21 во Тенерифе, Шпанија.

Нашиот тим во состав Георги Бановски, Јован Васиќ и Христијан Димитриевски во првото коло загубија од Турција со 0-5, но оваа репрезентација се пласира во финалето и го повлече нашиот тим во репасажот каде што беше совладана селкцијата на САД со 3-2.

Женскиот ката тим е совладан 1-4 од Србија без можност за настап во репасажот.

Денеска во репасажот ќе настапи и јуниорката Симона Симовска (+59 кг) против Луција Лесјак (Хрватска). Симовска за да се бори за бронзениот медал пото ќе треба да ја победи и Босанката Илма Рахмановиќ, а во одлучувачката борба оди на Шабан Мена Окила од Египет

Кадетско-јуниорски ката тимови
18 ката тимови
Македонија (Миа Маневска, Владанка Аврамова, Ивона Мустаровска) – Србија 1-4   

21 ката тим
Македонија (Георги Банковски, Јован Васиќ, Христијан Димитриевски) – Турција 0-5
Репасаж
Македонија – САД 3-2
За бронза
Македонија – Шпанија 

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО