Иксусните Бобан Данов и Маја Бобан ја предводат македонската самбо репрезентација на Европското првенство за сениори и јуниори од 26 до 29 мај во Лимасол, Кипар.
Данов ќе настапи во категоријата над 98 килограми, а Маја Бобан до 72 кг.
Во јуниорска конкуренција ќе не преставуваат Омар Факиќ во категорија +87 кг, Бернард Реџиќ во категорија 78 кг и Алберт Реџиќ во категорија 72 кг. Тренер на екипата е Славчо Тодоров.
ЕП ќе настапат натпреварувачи од 28 држави, а ќе биде спроведено според сите здравствени протоколи за Ковид-19.
„Конкуренција секогаш има. Најдобри се Русите, Украинците, Белорусите, Грузијците, Азербејџанците“, вели Данов за конкуренцијата и додава:
„Ако се одбегне натпреварувач од некоја од овие земји, може да се направи поволен резултат“.
Данов на ЕП за сениори во Гијон, Шпанија, во 2019 година во категоријата над 100 килиграми го освои првиот сениорски медал за Македонија на големите самбо натпреварувања.
„Со добар жреб, пред се и добар ден, може да се очекува добар резултат и медал“, нагласи Данов.