Даниела Алексовска повторно победи момче и доби голем аплауз (ВИДЕО)

Даниела Алексовска повторно беше во елемент на силниот Меѓународен турнир во БЏЏ „Ниш БЏЏ опен 2017“ совладувајќи момче. Натпреварувачката на „Стронгест и рутс“ во борба со Лазар Иванковиќ, член на еден од најуспешните бџџ тимови од Србија „Грејси Бара“, извојува ефективна победа на отворањето на турнирот во „Супер фајт“. 

Нејзиниот тренер и татко, Ивица Алексовски, вели дека противникот на Даниела е момче на кое му претстои успешна иднина.

„Неговите квалитети се видоа за време на борбата, добар гард, напаѓаше од сите позизции. Се виде дека Лазар е дел од квалитетна школа. Сепак, на крајот Даниела по успешно превртување од долна позиција, каде што поентираше со 2 поени, дојде во доминантна позиција и во идеален момент го фати Лазар со зафат „арм бар“ со што ја извојува својата 15 победа“, вели Алексовски за Стронгест.мк.

Даниела во БЏЏ и џудо има скор од 15 победи и 1 пораз (на поени 4-3).

Инаку таа е државен првак во бразилска џиу џица и во џудо.

.

Ipon.mk

Фото: Стронгест.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО