Македонскиот воин Даниел Стефановски во сабота ќе ја има првата борба во Кина против Чен Јавеи, а под закрила на организацијата Фејт фајт.
„Во Кина сум. Мојот противник Чен Јавеи е силен борец кој се веќе се има борено против најдобрите борци во светот. Против шампионот на Глори, Дубе, Дмитри Валент и многу други борци. Противникот ми е висок 194 см. Се чувствувам супер, имав супер подготовки и спаринзи“, изјави за Ipon.mk Даниел Стефановски, чија борба е во Шенжен.
Тој истакнува дека е многу интересен за Кинезите. А за очекувањата од оваа пресметка и можноста да ја заврши со нокаут Сетфановски вели:
„Имам свој специјален стил и секогаш одам на нокоут“.
Стефановски истакнува дека ќе потпише договор са Кинезите и дека ќе има многу борби во Азија.
„Ми се допаѓа колку се добри Кинезите, а и инвестираат многу пари во К-1“, нагласи Сетафановски и посочи дека во декември ќе се бори за светската титула на Суперкомбат во Рим.
Ipon.mk/В.Д.