Филип Додевски со победа и пораз на Европското првенство во Кипар

Филип Додевски (-78 кг) во првото коло на Европското таеквондо првенство во Ларнака,  Кипар, го совлада Италијанецот Ахиле Кенами со 27-8, но во второто е поразен со 12-8 од Александар Лупу од Молдавија.

„Во првата борба имаше апсолутна доминација против Италијанецот, а во втората, која беше за медал, загуби од Молдавецот које врвна класа на борец, но прикажа одлична борба“ вели тренерот на репрезентацијата Дарко Костовски и додава:

„Ако пред неколку години не можевме да поминеме рунда, сега веќе имаме европски медал и се бориме за други“.

Во сабота настапува Ана Марија Георгиевска.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО