Даниел Стефановски вечерва против Патрик Сескати на Гладијаторс – најт 11

Даниел Стефановски вечерва се бори со Патрик Сескати на Гладијаторс – најт 11 во Цирих, Швјацарија.

Стефановски се враќа по подолго отсуство од рингот. Последната борба ја имаше на почетокот на септември, при што извојува убедлива победа против Гркот Киријадикис 3-0 на настанот Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијата во К-1 во Цирих, Швајцарија.

Македонскиот воин забележа еден нокдаун во втората и два во третата рунда, така што неговата победа не беше во прашање.

Претходно Даниел  ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО