Даниел Стефановски викендов што измина го нокаутираше Јонут Сандур во третата рунда на Суперкомбат фајтинг чемпионшип во Романија. Стефановски се бореше во лесно-тешка категорија до 81 килограм и имаше тешка задача против домашниот борец.
Ова беше борба во една од послините професионални кик бокс организации.
Стефановски е преполн со впечатоци од стео она што се случуваше во Романија.
„Се беше супер во Романија. Супер ораганизирано и веднаш се гледа дека е најдобра организација во Европа“, истакнува Стефаноски.
За смата борба смета дека била многу јака!
„Противникот беше многу силен и имаше големо искуство. Сакаше да ме нокаутира во првата рунда, ама ништо од тоа. Во третата рунда морав да го нокаутирам. И, тоа успеа.. Со силни бокс комбинации“, истакнува Даниел.
Тој вели ова искуство е екстра, пред се зашто настапува пред така голема публика.
„Се виде се дека е најголема и најдобра организација во европа“, восхитено зборува Стефановски за се она што се случуваше во Иaши!
Следните мечеви не се дефинирани, но вели дека има многу покани во странство, а една од тие е и борба за титула во друга организација.
Ipon.mk/В.Д.