Стефан Спасовски: Овој пат Зарубица ќе осети малку повеќе ќотек!

stefan-spasovski-nova

Кумановецот Стефан Спасовски се враќа на домашните борилишта, па така во сабота на ММА турнирот „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ во Велес се среќава со Црногорецот Маринко Зарубица

Stefan Spasovski so Kicukov Bugarija

„За Маринко Зарубица мислам дека е издржлив, но повеќето од неговите противници се луѓе кои имаат тренирано се на се три месеци во животот. Овој пат ќе осети малку повеќе ќотек“.

Ќе одиш брзо завршување на борбата или постепено ќе ја градиш тактиката?

-Се си има свои предности. Но, не верувам дека ќе ме победи, затоа што верувам во себе и се трудам да бидам комплетен на секое поле во ММА. И психички сум по јак од кога било. Не сакам ни да мислам на лошата страна.

Каков е адреналинот кога се бориш пред 5-илјадна публика?

-Немам тремам, затоа што неколку пати се имам борено пред голема маса на луѓе. Така што таму сум за да покажам дека имам нешто што ме прави поразличен од другите, однодно дека сум поквалитетен и подобар.

setafn-spaosvski-trening

Долго време си отсутен од македонската сцена. Што ќе значи за тебе настапот на ММА турнирот „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“, кој е посветен жртвите во настаните во Диво Насеље во Куманово?

-Долго бев отсутен од земјава и многу нешта се смениле. Како што гледам, и среќен сум, што овој спорт во Македонија многу брзо расте. Се надевам на уште покани за борби во Западна Европа, како и на Балканот, бидејќи Маринко Зарубица е само мал чекор мојот сон, што завршува многу подалеку. Значи, тука сум, подготвен сум, верувам во себе повеќе од кога било и ќе се борам со полно срце!

ММА турнир „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ ќе се одржи на 8 октомври во спортската сала „Гемиџии“ со почеток во 19 часот.

Организаторот имa посебни награди за најдобриот борец на вечерта и за најборбениот пар.

Фјат-карта – „Ноќ на вечните – засекогаш со вас“:

-78 кг Мирза Сендиќ (МКД) – Изет Орлиќ (БиХ)

-84 кг Игор Лазаревски – Милош Јанчиќ (ЦГ)

-75 кг Ристе Гашев (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ)

-70 кг Филип Божиновски (МКД) – Анто Палавара (БиХ)

-63 кг Александар Заткоски (МКД) – Небојша Богдановиќ (ЦГ)

-72 кг Стефан Спасовски (МКД) – Маринко Зарубица (ЦГ)

-77 кг Стефан Пецевски (МКД) – Стефан Манчиќ (СРБ)

-77 кг Илија Андов (МКД) – Иван Скоко (ЦГ)

-70 кг Филип Стефановски (МКД) – Нино Шкрељ (ЦГ)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО