Даниел: Стефановски по генетика се победници – ќе ја освојам европската титула

Stefanovski merenje 8 juli

Даниел Стефановски вечер ја има борбата на  годината, бидејќи се бори за европската титула во К-1 во верзија на СПФ на ИФЦ настанот во Винтертур-Швајцарија, против Србинот Душан Којиќ.

За одлучувачкиот меч во оваа година на неколку часа пред борбата Даниел вели:

„Па, најпрвин би потенцирал дека претстојниов меч е од исклучително значење за мене. Впрочем, и самиот факт дека ја имам шансата да се изборам за титулата европски шампион по втор пат ми е од енормна важност. Би било клише и автоглорификација доколку изјавам дека сум во супериорна форма, но секако свесен сум за своите потенцијали, компетентоста којашто ја поседувам, со оглед на фактот дека континуирано инвестирам во самиот себеси физички, па дури и спиритуално, а поентата околу нештата коишто ги наведов ми е дека ќе ги оставам мојата форма и професионалност самите да се рефлектираат во текот на мечот, и, секако, на самиот финиш“.

stefanovski cel

За победите во низа Стефановски истакнува:

„Некои нешта едноставно не би можеле да се дефинираат, како што и наведов претходно, сите позитивни исходи и резултати коишто ги имам бележено досега се должат на континуираното доусовршување, а можеби во прашање е и самата генетика на моето семејство, Стефановски се победоносни по природа, во секоја ситуација“.

Претходниот меч го заврши со нокаут, очекувањата на фановите и публиката растат. „Преферирам секој меч да го финиширам со нокаут, но рационално и добро осмислено, затоа што нокаут потегот не се прави применувајќи енормна доза на сила, туку квалитетно осмислената стратегија е пресудна,.поседувајќи спонтано креирана шема во самиот ринг и атакувајќи во вистинскиот најпогоден тајминг гарантира успех“.

Daniel Stefanovska plakata za 9 juli 2016

За Душан Којиќ и не знае многу, но порачува:

„Противникот ми е Босaнец. Тоа е единствената информација што ја поседувам за мојот опонент, но всушност тоа и не ми е многу релевантно, како што и нотирав , во самиот ринг ќе ги измериме силите, квалитетот на техниките и компетенциите, а притоа по првата рунда ќе дознаам се за конкурентот, како што и впрочем налагаат природата и начелата на спортов“.

На Стефановски (82,5 кг) има 30 борби – 27 победа (16 со КО), 2 порази и 1 нерешен во К-1 и талјандски бокс. Тој е и европски првак во К-1, акон крајот на мај стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО