АктуелноДомашна сценаКик бокс

Даниел Стефановски: Многу сум среќен што се вратив со нокаут победа! По одморите се враќам во рингот на Глори

Даниел Стефановски – Македонскиот воин по долго време на 14 јуни се врати во рингот и извојува победа со нокаут во втората рунда.

Стефановски во Цирих, Швајцарија, го совлада Стевано Којо Туекпе од Гана во К-1 на настанот Фајт ор фол Гладијаторс најтс 10.

„Многу сум среќен што се вратив во рингот и што така заврши мечот“, вели Стефанопвски за Ипон.мк.

По ова Стефановски се насочува кон Глори, најпрестижната светска кик бокс организација.

„После летнио одмор ќе се вратам во рингот во Глори. Сега во мојата категорија. Фала на Господ и фала многу на сите за поддршката“, рече Стефановски

Тој дебитираше во Глори во декември минатата година против еден од најдобрите кикбоксери во светот Бахрам Раџапзадех од Азербејџан, но настапи  во потешка категорија до 95 килограми, што е разлика од 10 килограми од вообичаената до 85 кг. Даниел на Глори: Колишн 7 во Арнем, Холандија, загуби од Раџапзадех со ТКО во првата рунда.

 

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON