Топурија: Нема да му дадам шанса на Махачев за титулата, ако загуби од Дела Мадалена

Илија Топурија вети дека ќе се бори против Ислам Махачев откако ја освои титулата во лесна категорија против Чарлс Оливеира на УФЦ 317 овој викенд во Лас Вегас. Но, „Легендата“ има услов.
Поранешниот шампион во перо категорија, кој ја предводи Меѓународната недела на борбите во Лас Вегас, им изјави на медиумите дека сака да се соочи со руската ѕвезда, но само ако Махачев ја освои титулата во велтер категорија од Џек Дела Мадалена. Топурија неодамна спомена дека можеби ќе се искачи во велтер категорија за на фановите им ја даде борбата со Махачев.
Сепак, тој план е исклучен за Топурија, ако Махачев не успее во обидот да ја освои титулата во велтер категорија. Ако Махачев изгуби и одлучи да се врати во лесна категорија, Топурија планира да го натера да застане во редот за титулата.
„Ако изгуби, не му давам ништо. Ако изгуби, не добива ништо. Нека се нареди. Ако стане шампион во велтер категорија, а јас ја освојам титулата во лесна категорија, зошто да не направиме П4П појас, најдобриот незавсисно од категоријата? За мене, тоа е идеалното сценарио“, рече Топурија.
View this post on Instagram



