Даниел Стефановски го помина мерењето на Татнефт купот: Очекувам офанзивна борба и ќе бркам нокаут! (ФОТО)

Даниел Стефановски вечерва успешно го помина мерењето и соочувањето со Стас Макаренко во рускиот Казан за мечот на Татнефт купот за утрешниот меч во К-1.

„Ма мерењето бев точен како и секогаш 80,8 килограми. Инаку Макаренко е еден од најдобрите борци во оваа категорија“, вели Даниел Стефановски за Ipon.mk.

„Очекувам офанзивна борба, бидејќи имаме исти стил. Одиме напред и ќе бркам нокаут“, категоричен е Македонскиот воин.

Да посетиме дека Стефановски настапи и во Кина каде што загуби на сомнителен начин, а февруари ќе се бори за светската титула на Суперкомбат.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО