Даниел Стефановски е уште една жртва на судењето во Кина (ФОТО)

Даниел Стефановски синоќа во Фијугсан, Гвандонг, во Кина против домашниот борец Чен Јавеи загуби на поени на настанот на организацијата Фејт фајт. Сепак, резултатот не беше одлучен во рингот, туку на маса о дстрана на судиите, кои пресудија во корист на Кинезот.

„Изгубив на поени. Првата рунда му припадна на противникот, но втората и третата беа мои 100 отсто. Сепам сме во Кина, а и противникот е Кинез… По борбата орагнизаторот дојде кај мене и ми рече дека сум победил јас,но дека е така во Кина“, изјави за Ipon.mk, Даниел Стефановски, при што рече:

„Се знаеше дека морам да го нокаутирам, ако сакам да бидам сигурен победник! Го имав на крајот на вотората рунда, скоро беше во нокдаун, ама го спаси крајот рундата“.

Стефановски истакнува дека нема некои јаки повреди и дека е потпишан договор со големи организации во Кина.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО