Непоразениот шведско-чеченски борец Хамзат Чимаев ќе се бори на 21 октомври против Бразилецот Пауло Коста.
Мечот на Борз на настанот УФЦ 294 во Абу Даби ќе биде негов прв од септември минатата година, кога во првата рунда го победи Кевин Холанд со завршница (D’Arce choke).
Поранешниот двократен шампион, а сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер тврди ако Чимаев го победи Коста, би можел да ја добие борбата за појасот.
„Не знам зошто Хамзат Чимаев немаше барем уште една борба од мечот против Кевин Холанд. Но, сега го чека борба со Пауло Коста и, ако победи, мора да добие шанса да се бори за појасот во средна категорија“, изјави Даниел Кормиер и додаде:
„Мислам дека сите се согласуваат со тоа. Верувам дека триумфот над Жилберт Барнс, преселбата во повисока категорија и победата против Пауло Коста дава можност да се бори за шампионската титула. Тоа ве прави први прв предизвикувач“.
Кормиер смета дека овие две победи се доволни за Чимаев да добие шанса да стигне до тронот.
„Хамзат го потврди својот квалитет против Барнс и докажа колку е добар. На секој натпревар влегува максимално подготвен против кого и да се бори. И ако го победи Коста, тогаш треба да му се даде шанса. Нека се бори за шампионскиот појас“.