Даниел Кормиер: Третата борба со Џон Џонс во целост зависи од мене

Даниел Кормиер веќе е на крајот од својата кариера и сè уште не одлучил дали сака да влезе во кафезот со Џон Џонс по трет пат. Тие ги имаа едни од најголемите судири во историјата на ММА и секако дека навивачите ќе сакаат да се погледнат уштед една нивна борба. „Коски“ има две победи над ДК, но една беше поништена бидејќи Џонс не падна на допинг тестот.

Кормиер се подготвува да ја брани титулата во тешка категорија за помалку од две недели во главната борба на УФЦ 241 против Стипе Миочиќ. Луѓето не престануваат да се интересираат за трилогијата, а Кормиер е категоричен дека одлуката за трета битка целосно зависи од него.

„Што се однесува до нова борба со Џонс, знам што сум постигнал и не мислам дека треба повторно да се борам со него. Ќе се чувствувам добро и без да се борам уште еднаш со него. Трилогија ќе е нешто, за што со мојот тим ќе разговараме и ќе видиме дали сакаме нова битка. На крајот на краиштата, ова ќе биде моја одлука. Работите се различни.

 Џонс се натпреварува и долго време сака да ја врати довербата на навивачите и да си го заземе неговото место во спортот, но јас веќе го направив тоа. Моето место во борбите е потврдено и немам прашања. Никој не се сомнева во тоа што го направив. Трилогијата во целост зависи до мене и јас ќе донесам одлука“.

https://www.instagram.com/p/B0tRdHWhb1w/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО