Даниел Дубоа ја прегази јапонската легенда (ВИДЕО)

Новата британска боксерска ѕвезда Даниел Дубоа го згази противникот. Тој импресивно ја нокаутира јапонската кик бокс легенда, Кјоторо Фуџимото, во Лондон.

Уште на почетокот на средбата 22-годишниот лондончанец посочи дека ќе доминира. Му задаваше точни удари на ветеранот. Во вториот дел испрати лев директ го испрати Фуџимото на подот. По некое време Јапонцот се отвори, а Дубоа го погоди со феноменално кроше во брадата.

Тоа беше 14-та победа (13 со нокаут) за талентот. По мечот го предизвика Џо Џојс, кој беше во предните редови на салата. Френк Ворен откри дека следниот меч на Дубоа ќе биде на голем настан на „О2 арената“ во Лондон во април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО