Дана Вајт за потенцијалниот меч меѓу Фјури и Нгану вели дека е губење време

Тајсон Фјури го нокаутира Дилиен Вајт пред десетина дена и ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Шампионот на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану се најде во публиката на распродадениот Вембли.

Нивната средба во рингот помина во одлично расположение, а и двајцата изразија желба за меѓусебен судир.

Раководството и шефот на УФЦ, Дана Вајт, веројатно биле лути поради таквиот потег на нивниот шампион, кој допрва треба да го продолжи договорот за промоција.

А Камерунскиот удирач се уште е дециден дека новиот договор мора да вклучува дозвола за настап на боксерски натпревари.

Прашањето е дали најсилната ММА организација ќе попушти пред барањата на Френсис.

„Фјури е најдобриот боксер во светот и еден од најдобрите во историјата. Погледнете ги неговите противници и како лесно ги победи. Ќе видиме што ќе се случи, но не ми се допаѓаат натпреварите во кои борците се префрлаат од еден спорт во друг“, изјави Дана Вајт и додаде:

„Ваквите борби се глупави и тоа е само губење време, енергија и пари. Тоа е лудо, но разбирам. Тајсон Фјури има голема предност во боксот, а Френсис Нгану требаше да се бори против Сирил Гане. Ако знаете барем нешто за борбата, тогаш знаете за што зборувам“.

Пред пет години Дана Вајт му дозволи на Конор Мек Грегор да боксира против легендарниот Флојд Мејведер, а Ирецот го загуби тој меч.

„Тоа е свет сам за себе. Каде и да одев луѓето ме испрашуваа за таа борба. Сите сакаа да го видат тој меќ. И сега никој не ми тропа на врата поради мечот меѓу Фјури и Нгану“, подвлече Дана Ват.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО