Дана Вајт за „Ноториус“: Ни беше нашата најголема ѕвезда, но никогаш не знаеше да дојде на време

Зад нас е уште еден ден, а одговорено е и прашањето за враќањето на „Озлогласениoт“. Ирецот долго време најавуваше враќање, но во моментов се уште нема официјална потврда. И покрај ова, Мек Грегор се уште е во прилично добри односи со Дaнa Вајт, двајцата соработуваа многу во текот на годините и направија голем профит.

Меѓутоа, во едно неодамнешно интервју Вајт откри една работа што би сакал да ја промени во нивната врска.

„Мек Грегор беше еден од најдобрите партнери во светот што сум ги имал. Беше нашата прва таква „Мега ѕвезда“, барем некогаш да знаеше да се појави на време, тогаш не би имал ништо лошо да кажам за него? рече Вајт..

Лидерот на организацијата го пофалил Ирецот дека и покрај големата слава што ја постигнал, никогаш не ги одбил да им излезе во пресрет.

„Другото нешто што Мек Грегор никогаш не го направи, без разлика колку беше популарен, кога одевме кон борбата, ако ми јавеа: „О Конор, овој човек само што беше нокаутиран. Алдо беше нокаутиран. Ние бараме друга опција“, никогаш не рече: „Да, ќе го направам тоа, но ќе ми требаат уште 200.000, ќе ми требаат уште еден милион долари“. Мек Грегор никогаш не правел такви кукавички потези“, додаде Вајт .

Несомнено е дека неговото враќање ќе биде вистински спектакл, боречко уживање кое ќе ги сруши рекордите на „плати па гледај“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО