Дана Вајт за Нгану: Никогаш повеќе нема да го земам во УФЦ

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, објави дека Френсис Нгану никогаш повеќе нема да се натпреварува во неговата промоција.

Френсис последен пат се појави во октагонот во јануари минатата година кога го победи францускиот борец Сирил Гане. Во јануари 2023 година Нгану го напушти УФЦ, со што ја ослободи титулата на организацијата во тешка категорија.

Беше објавено дека причината за оваа одлука биле конкретно финансиските несогласувања со лигата на Дана Вајт. Нгану побарал и дозвола да боксира, но бил одбиен. Вајт му понудил 8 милиони за борба со Џон Џонс, но „Предаторот“ одбил.

Френсис сега е слободен агент, а Вајт е категоричен дека Нгану е историја за УФЦ.

„Враќање на Нгану во УФЦ? Не. Работевме со овој човек две години обидувајќи се да го натераме да се бори. Апсолутно е невозможно да се справиш со него.

Значи не, тој никогаш повеќе нема да се бори во УФЦ. Тој ја донесе својата одлука, иако работевме напорно. Му понудивме многу пари, не му покажавме ништо освен почит.

Сакавме да го задржиме, но сега тој брод отплови“, рече Вајт на Јутјуб каналот The Pat McAfee Show.

Времето ќе покаже дали Дана се држи зборот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON