Дана Вајт: Стипе прифати меч со Џонс, чекаме одговор од Џон

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, направи интересна исповед за ситуацијата во тешка категорија.

Според Вајт, кој порано го обвини Џон Џонс дека ги искривува рацете, Коски останува тврдоглав и не сака да се бори со одредени луѓе. Сега, според претседателот, на поранешниот шампион во полутешка категорија му бил понуден меч против поранешниот крал во тешка категорија, Стипе Миочиќ.

„Џон и јас отсекогаш имавме малку посложени односи“, рече Вајт.

„Кога ќе одлучи дека е подготвен за борба и ние ќе бидеме подготвени. Тој сака да биде дел од тешка категорија, но во моментов Дерик Луис ќе се бори со Сирил Гане, а победникот од овој мечќе добие предност за средба со Нгану.

„Џон може да се бори со еден од нив. Му понудивме и судир со Стипе Миочиќ. Стипе ја прифати понудата, но Џон се уште не кажа ништо. Мое лично мислење е дека Џонс нема да се бори во 2021 година“, додаде Вајт.

Џон Џонс (34) последен пат се бореше во февруари 2020 година кога ја одбрани титулата до 93 килограми против Доминик Рејес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON