За еден ден распродадени билетите за Џошуа-Усик

За помалку од еден ден сите билети за следната борба на шампионот на ИБФ, ВБА, ВБО во тешка категорија Ентони Џошуа против Александар Усик беа распродадени. Ова го објавија организаторите на настанот.

Тие прецизираа дека на платформата StubHub (американска компанија за продажба и препродажба на билети) повеќе од 100.000 навивачи „застанаа“ во редот за битката во која ќе се борат двајца златни медалисти од Олимписките игри во 2012 година.

Мечот е закажан за 25 септември на стадионот на Тотенхем во Лондон. Може да прими над 62.000 гледачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО