Американец ќе биде последниот противник на Федор Емилијаненко

Познато е името на последниот противник на големиот Федор Емелијаненко.

Русинот, кој својата активна кариера ќе ја заврши на 23 октомври во Москва, ќе се соочи со Тим Џонсон. Веста ја пренесоа неколку од водечките ММА сајтови во САД и руската новинска агенција ТАСС.

Емелијаненко (44) ќе се бори со Џонсон (36) во главниот меч на настанот Белатор Москва, што ќе се одржи во мултифункционалниот спортски комплекс во руската престолнина, ВТБ арена.

Џонсон е поранешен УФЦ борец, а во 2018 година се приклучи на Белатор, каде има три победи и три порази. Последен пат Американецот се бореше во јуни 2021 година, кога загуби од Валентин Молдавски во меч за привремената титула во тешка категорија на Белатор.

Федор не се борел од декември 2019 година кога го победи Квинтон-Рампејџ Џексон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО