Дана Вајт: Шампионската титула во целост е за Мек Грегор

Конор Мек Грегор успеа да стане првиот УФЦ шампион кој истовремено имаше две титули во различни категории. Тој го постигна ова со победаta над Еди Алварез во 2016 година. Мек Грегор ја задржа титулата во лесна категорија две години и одби да ја брани, што го принуди УФЦ да ја одземе. Се обиде да ја врати минатата година на УФЦ 229, но беше потчинет од Хабиб Нурмагомедов. И додека многумина мислеа дека Конор Мек Грегор не е заинтересиран за појасот, тогаш претседателот на УФЦ Дана Вајт ги негира.

„Појасот многу му значи на Конор Мек Грегор и да е шампион, се е за него. Токму затоа толку многу го сака. Често комуницираме и тој е многу заинтересиран. Конор сака да се врати и повторно да ја освои титулата. Тој е подготвен да се бори со сите. Очигледно сака реванш со Хабиб, но е подготвен за секого“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО